Реконструкцијата на фудбалското игралиште во Белчишта во завршна фаза

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес изврши увид во градежните активности околу реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште за голем фудбал во селото Белчишта кој е во завршна фаза.

„Во овој момент изведена е дренажа по должина на фудбалското игралиште за одводнување, изградени се кабини за резервните играчи, извршено е дооградување на игралиштето со заштитна жичана мрежа. Во моментов во завршна фаза е реконструкцијата на објектот за соблекувални и простории за судии и делегати, со што градежните активности се одвиваат според утврдената динамика.“ – информираат од Општина Дебрца. 

belcista fudbal igr.3

Градоначалникот Трајкоски вели дека Општината добива уште еден спорски терен каде младите ќе може да спортуваат, да тренираат млади таленти кои еден ден достојно ќе ја претставуваат Република Македонија.

Реконструкцијата и санацијата на фудбалското игралиште е во износ од 1.958.007 денари со пресметан ДДВ, средства кои се обезбедени од буџетот на Општина Дебрца.

belcista fudbal igr1