Се поставува атмосферска канализација на пешачката патека до Горица

Јавното претпријатие „Нискоградба“, продолжува со изведување градежни активности од третата фаза на пешачката патека од Студенчишта до Горица. Се поставуваат цефки за одведуање на атмосферски води со пречник од Ф- 200 мм.

Во досегашните активности од третата фаза се поставени околу 500 метри атмосферска канализација комплет со сливници, а до завршување на оваа фаза остануваат за комплетирање уште 300 метри атмосферски одвод.