Зголемен бројот на домашни и странски туристи во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2016 година изнесува 86 234, а бројот на ноќевањата изнесува 172 355.

Бројот на туристите во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 5.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.8%.

Бројот на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 1.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 6.7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 1.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.3%.

Во периодот јануари-мај 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.5%, а кај странските има зголемување за 10.4%.

Во периодот јануари-мај 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 19.1%, а кај странските има зголемување за 8.0%.