Македонија останува на 139 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација остана на 139 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Овој пат, нашата репрезентација го дели ова 139 место со репрезентациите на Доминиканска Република и со Виетнам.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина пред Белгија и Колумбија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Нов Зеланд со скок од +54 места се искачи на 93 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Белизе од -50 места и се најде на 164 место.

WebOhrid