РСБСП: Летово најризичен е автопатот Кичево – Охрид

За време на летните одмори најризичен е автопатот Кичево-Охрид, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност на патиштатаРепублички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На овој автопат фреквенцијата на возила е драстично зголемена поради големиот број странски и домашни туристи што одмораат на Охридското Езеро.

Истовремено, се гради новиот автопат Кичево-Охрид, чија траса на многу делници минува паралелно со сегашниот пат, а не е секаде соодветно обезбедена.

Овој месец, во една недела, на овој автопат се случиле две тешки сообраќајки, во кои со повреди се здобија осум лица, меѓу кои и странски државјани.

„Доколку решите на летување да заминете со сопствен автомобил, за да ги намалите ризикот и опасноста од сообраќајки, прв чекор е да се придржувате кон советите од надлежните. Најважно од сè е да останете будни и одморени и да ја проверите техничката исправност на возилото пред да тргнете на пат“ потсетуваат од РСБСП.

Со апел излегоа и од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, од каде повикаа сите да придонесаат за унапредување на сообраќајната превенција, со цел да се намалат ризиците во сообраќајот и можностите за сообраќајни незгоди, да се подигне сообраќајната култура и јавната свест кај сите категории учесници во сообраќајот од потребата за почитување на сообраќајните правила и прописи.

Извор: meta.mk