Поради дефект прекин во водоснабдувањето на ул.„15ти Корпус“

Од МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ – Охрид информираат дека денес во раните утрински часови настана дефект на водоводна линија ф 160мм на ул.„15-ти Корпус“, поради што ќе има прекин во водоснабдувањето на истата.

Екипите на МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.