Еко-кампања за зачувување на Охрид

Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, објави дека во соработка со „Еко-свест“, денеска во Охрид ќе организира презентацијата, насловена „Едно е!Вредно е!“.

Презентацоијата е дел од кампањата за зачувување на Охридскиот Регион, единственото од УНЕСКО заштитено подрачје во Македонија.

„Како дел од кампањата ќе бидат претставени и заклучоците за Степенот на зачуваност на светското природно и културно наследство – Охридскиот Регион, донесени на 40. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Истанбул, Турција; како и едно од можните решенија за одржлив и паметен развој на овој регион „Смарт Охрид““ – информираат организаторите.

Извор: meta.mk