Во Охрид се градат детски игралишта

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина Охрид.

Во тек е градба на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити.

Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога.

Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид.

Наредниов период Локалната власт детски игралишта ќе гради во населбите :Воска, Даљан, Рача, Стобекс, кај градскиот парк на кеј „Македонија“, во близина на пешачката патека што води кон хотел „Парк“, а ќе се реконструира и до уреди постоечкото игралиште на улица „Крали Марко“.

Со цел младите да се вратат на спортските терени и да се насочат кон физичка активност со што ќе градат здрави животни навики изминатиов период општина Охрид го реконструира детското игралиште кај каналот „Студенчишта“, а се изградија и повеќенаменски игралишта во населбите Лескајца и Подмоље. Повеќенаменско игралиште доби и село „Трпејца“, а во тек на градба е и игралиштето во село Лескоец.

Novi_detski_igralista_20164851 Novi_detski_igralista_20164852