Почина 24-годишен давеник што вчера беше извлечен од Охридското Езеро

Вчера околу 15:30 часот од водите на Охридско Езеро на м.в.„Трски“, помеѓу машка и женска плажа, изваден е давеник И.С. (24) од с.Камењане, тетовско, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Струга е пренесен во Клинички центар Скопје на КАРИЛ, каде во 20:15 часот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.