Просечната нето-плата во мај изнесува 22.324 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, изнесува 101.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (8.7%), Административни и помошни услужни дејности (7.6%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.5%), Стручни, научни и технички дејности (15.2%) и Административни и помошни услужни дејности (2.9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2016, изнесува 22 324 денари. Во мај 2016 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.