Извлечени паровите за натпреварувачката 2016/17 за Прва, Втора МФЛ и за Купот на Македонија

Во пресрет на натпреварувачката 2016/17 сезона во прес центарот на куќата на фудбалот беше одржано извлекувањето на паровите за Прва МФЛ, Втора МФЛ и Купот на Македонија.

Првото коло на Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2016/17 ќе биде одиграно на 07. август. Комплетниот распоред на натпреварите во Првата Македонска Фудбалска Лига можете да го погледнете во продолжение:

Распоред Прва Лига 2016-2017.pdf

Првото коло во Втора МФЛ ќе се одигра на 13 август.

Екипата на Младост од Царев Двор не ги исполни условите за лиценцирање во Втора МФЛ. Комсијата за лиценцирање ќе се состане дополнително да одлучи за испразнетото место во лигата.

Комплетниот распоред на натпревари во Втората Македонска Фудбалска Лига можете да го погледнете во продолжение:

Распоред Втора Лига 2016-2017.pdf

По извршеното извлекување на двојките од 1/16 финалето на Купот на Македонија, распоредот на натпревари е следен:

Чаклани – Работнички

Скендербег – Вардар

Големо Коњари – Шкендија

Влазними Струга – Тетекс

Фортуна – Победа

Сатеска – Металург

Беласица – Пелистер

Академија Пандев – Македонија Ѓ.П.

Љуботен – Хоризонт Турново

ГФК Вардар Неготино – Шкупи

Еуромилк – Ренова

Новаци – Скопје

Малеш – Силекс

Кожуф – Влазними 77

Младост Ц.Д. – слободен

Брегалница – слободен

Првите Куп натпревари ќе се одиграат на 17 август (среда).