Кривична пријава за шумски полицаец од Охрид кој извршил повеќе кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (32) од Охрид, шумски полицаец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела- 10 тешки кражби, од кои две во обид.

Во периодот од 13.03. до 26.06.2016 година, пријавениот со употреба на подесен алат и физичка сила извршил тешки кражби во цркви лоцирани во селата Косел, Лескоец и Старо Лескоец, од каде одзел пари во вкупна вредност од 9.000 денари, додека во две цркви не успеал да влезе внатре и не одзел ништо.