Охрид и Струга го одбележуваат Светскиот ден за борба против хепатитис

Во рамките на здравствено-превентивното делување, а по повод одбележувањето на 28 јули Светскиот ден за борба против хепатитис, под мотото „ЕДУЦИРАЈ СЕ ЗА ХЕПАТИТИС-ДЕЈСТВУВАЈ СЕГА!“ Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Црвен крст Струга ќе реализираат бројни едукативни активности и настани со цел подигање на нивото на свеста кај населението за заштита од Хепатитис.

Активностите ќе се реализираа во Охрид и Струга:

– јавна промоција на Светскиот ден за борба против хепатитис и делење на едукативни материјали и совети за превенција, заштита и лечење од хепатитис од страна на стручни лица во оваа област. Промоцијата ќе се реализира денес на „Женска плажа“ во Струга од 15-19 ч. и истиот ден на плоштад „Крушевска Република“(Чинар) во Охрид од 18-21 ч.

– Едукативна работилница во просториите на Опција Охрид и подружница Струга со целните групи на тема „Превенција од Хепатитис Ц”, каде отворено ќе се разговара за превенцијата од оваа болест како и начините за заштита од нејзината преносливост но и новата терапија која се користи во светски рамки.

– вршење на бесплатни, анонимни тестирања за хепатитис кои ќе се реализират во специјално возило од страна на обучени лица од Црвен крст Охрид и Опција-Охрид на 28 јули 2016, од 15-18 ч. во Струга и истиот ден од 18-21 ч. во Охрид. Бесплатни тестирања за Хепатитис Ц ќе се обавуваат и во текот на целата недела (од 17 до 21 часот ), кои ќе можат да се закажат на facebook; Nvo Opcija Ohrid i email:opcijaohrid@yahoo.com. Тестовите се брзи, со капка крв од прст, строго доверливи и анонимни (не е потребен никаков документ за лична идентификација).