Свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Плаќе

Делегација на општина Охрид составена од советниците, Јадранка Василеска Здравеска, Климе Шешоски и Љупчо Настоски, положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во востанието на Рашанец 1903 и НОБ на Македонија во с. Плаќе.

Во рамки на илинденските празнувања, во ова село, се организира и богата културно уметничка програма по повод Патронатот на црквата „Св. Илија“.

cveke_plake_4001