Министерот Јолевски во Вашингтон на средба со заменик-помошникот секретар за одбрана, Карпентер

За време на работната посета на САД министерот за одбрана Зоран Јолевски покрај останатото во Пентагон оствари средба и со Заменик –помошникот на секретарот за одбрана на САД Мајкл Карпентер.

На средбата главна тема на разговор беа безбедносните предизвици во регионот и влијанието на истите врз европската и светската стабилност и безбедност. Двајцата соговорници се согласија за тоа дека регионот има клучна улога во европската стабилност, но и дека САД треба да го зголеми фокусот и поддршката за регионот.

Министерот Јолевски потенцираше дека за Република Македонија е значајно зачленувањето во НАТО и дека поддршката од САД за влез во НАТО е потребна повеќе од било кога. Дополнително, министерот Јолевски побара поголема поддршка од официјалните претставници на САД во поглед на стратешките бизнис инвестиции во доменот на одбраната во Република Македонија. Карпентер изрази согласност за идејата на министерот Јолевски и воедно ја нагласи подготвеноста да ги разгледа сите опции за што поголема инволвираност и поддршка на официјалните претставници од Пентагон и САД за поддршка на започнатите процеси на модернизација на Армијата и одбраната на Република Македонија.