Шкендија се пласира во плеј-офот од Лигата Европа

Шкендија претрпе минимален пораз 0:1 на гостувањето против Млада Болеслав. Но, победата на Шкендија во Скопје пред седум дена со 2:0 беше доволна за нашиот претставник да патува во следната рунда од Лигата Европа.

Ждрепката за плеј-офот е утре, а термините за одигрување на натпреварите се на 18 и 25 август. Победниците од плеј-офот ќе играат во групната фаза од Лигата Европа.

WebOhrid