АХВ со совети како да се заштитиме од труење со храна

Труењето со храна е често предизвикано од бактерии во храната со која се ракувало неправилно или пак истата била неправилно чувана. Таа храна може да има навидум нормален изглед, мирис и вкус. Кај одредени категории на луѓе, како што се малите деца, трудниците, старите луѓе и луѓе кои боледуваат од одредени заболувања, опасноста од труење со храна е поголема.

*За да биде храната која ја купувате или носите дома безбедна за консумирање, применете ги следните совети, кои на едноставен и практичен начин објаснуваат што треба да сторите.

Десет едноставни чекори до храна која е безбедна за јадење:

*Купувајте храна на места кои имаат добра репутација и чисти простории.

*Одбегнувајте храна со изменет изглед, мирис и вкус, храна со поминат рок или храна со оштетена амбалажа и пакување.

*Веднаш однесете ја дома оладената, замрзнатата или топлата храна, и тоа во изолирана амбалажа.

*Чувајте ја суровата храна одвоена од храната подготвена за јадење.

*Одбегнувајте да ја чувате храната која е подложна на расипување во опасната температурна зона подолго од 4 часа.

*Оладената храна чувајте ја на температура пониска од 5°C, а топлата храна на температура повисока од 60°C 
*Добро измијте ги и избришете ги рацете кога подготвувате храна.

*Употребувајте посебни чисти садови за сурова и посебни за подготова храна.

*Добро сварете го или испечете го меленото месо, пилешкото месо, риба или колбаси.

*Ако не сте сигурни дека храната е безбедна, не ја употребувајте.

Држете ја храната во зоната на „вистинска“ температура !

„Храната која е подложна на расипување„ треба што подолго да се држи во зоната на оптималната температура, и тоа топлата храна на температура од 60 -100°C, ладната храна на температура од 0-5°C, а замрзната храна под 0°C. Одбегнувајте чување на храната која е подложна на расипување во зоната на опасна температура, односно од 5-60°C.

*Не консумирајте ја храната која е подложна на расипување, ако останала во зоната на опасна температура подолго од два часа.

Кога купувате:

*Купувајте оладена или замрзната храна на крајот од пазарењето.

*Топлата храна треба исто така да се купува на крајот од пазарењето и истата да биде одделена од ладната или замрзната храна.

Внимателно одберете кога купувате храна

*Внимателно прочитајте ги податоците на етикетата во врска со хранливата вредност на производот, како и можните алергиски реакции.

*Одбегнувајте производи во оштетени, нагмечени, надуени или напукнати конзерви, кутии или други амбалажи.

*Одбегнувајте храна која остава впечаток дека е расипана или сменила боја.

*Проверете дали лицето кое послужува храна користи посебни штипки за разни видови храна.

*Купувајте јајца пакувани само во картонски кутии на кои е означен производителот и рокот на употреба и избегнувајте да купувате напукнати и нечисти јајца.

*Одбегнувајте оладена и замрзната лесно расиплива храна која стои надвор од ладилник или замрзнувач.

*Одбегнувајте готова храна која стои во откриени садови.

Донесете ја храната брзо дома

*Ако сте купиле топла, оладена или замрзната храна, треба што побрзо да ја донесете дома.

*Ако патувањето трае подолго од половина час или ако воздушните температури се многу високи, добро е да се понесе изолирана кутија или вреќа за ладење со ледени блокови, така што оладената или замрзнатата храна ќе се лади.

*Добро би било топлата храна да се стави во посебен сад ако патувањето трае подолго од половина час.
*Топлата храна може да се завитка во алуминиумска фолија.

*Кога ќе пристигнете дома, оладената и замрзнатата храна веднаш ставете ја во ладилник или замрзнувач.

Обрнете внимание кога храната ја носите од дома на некое друго место

*Кога одите на излет, јадете на отворено, носите храна на работа или на училиште, бидете внимателни во поглед на тоа како ракувате со храната, каде и колку време истата ја чувате.

*Исечете го на парчиња месото кое треба да го носите некаде и подгответе ги сите салати за јадење

*Не ја ставајте подготвената храна за јадење во садови во кои била чувана сурова храна.

*Обрнете внимание, домашните миленичиња или други животни да не се во контакт со храната која се подготвува.

*Обезбедете влажни марамчиња за еднократна употреба доколку нема чиста вода за миење на раце.