Откриени мигранти и запленети девизи, цигари, автоделови, рачни часовници, техничка стока, облека

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија мигранти и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, автоделови, рачни часовници, техничка стока, облека, фалсификати и друго.

Мигранти

Во текот на минатата недела, на царинската испостава Железничка станица Гевгелија, во четири одвоени случаи, откриени се вкупно 50 мигранти.

Во првиот случај, прифизички преглед на 23 празни вагони од товарен воз, кој патувал на релација од Грција за Унгарија, а бил пријавен за влез во државата, биле пронајдени 2 мигранти со потекло од Пакистан и Алжир.

Во вториот случај, прифизички преглед на 29 вагони од отворен тип, натоварени со отпадно железо од Грција, наменето за увозник од Македонија, а пријавени за влез во државата, биле пронајдени 26 мигранти со потекло од Алжир, Мароко, Ирак, Пакистан и други земји.

Во третиот случај, прифизички преглед на 29 празни вагони од товарен воз, кој патувал на релација од Грција за Унгарија, а бил пријавен за влез во државата, биле пронајдени 19 мигранти со потекло од Алжир и Мароко, сокриени под последните 3 вагони, во просторот кај тркалата, односно осовините на вагоните и сместени на импровизирани кревети.

Во четвртиот случај, прифизички преглед на 27 празни вагони од товарен воз, кој патувал на релација од Грција за Унгарија, а бил пријавен за влез во државата, биле пронајдени 3 мигранти со потекло од Алжир, сокриени во еден од вагоните.

Во сите четири случаи, лицата се предадени на Министерството за внатрешни работи за негово понатамошно постапување.

Задржана е следната стока:

Девизи

– 5.080 американски долари, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при детална контрола на државјанин на Соединетите Американски Држави, кој пристигнал со лет од Цирих, Швајцарија. При личниот претрес, кај патникот биле пронајдени вкупно 16.280 американски долари, од кои, согласно законските прописи, му биле вратени 11.200 американски долари, износ кој може слободно да го внесе во државата.

Цигари

– 210 кутии (4200 парчиња) цигари марка MARLBORO (меко пакување) без акцизни маркички, откриени при контрола на автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од германски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари биле пронајдени на задните седишта и во гардеробата (јакни, блузи и слично) сместена во багажниот простор од возилото и истите се привремено задржани. Возачот изјавил дека цигарите ги купил од турскиот фришоп на граничниот премин Ипсала, а против него е поведена прекршочна постапка.

– 5.800 парчиња цигари марка BOND и 600 парчиња цигари марка PALL MALL со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на автомобил со грчки регистарски ознаки, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Дојран. Непријавените цигари биле пронајдени во картонска кутија прекриена со платнена покривка и сместена во багажниот простор од возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Автоделови

– 10 парчиња потисни плочи и 5 парчиња ламели марка SACHS, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовна линија од Германија за Македонија и бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените автоделови биле пронајдени во патна торба сместена во картонска кутија и истите се привремено задржани, а како нивен сопственик се пријавил македонски државјанин, патник во автобусот, против кого е поведена прекршочна постапка.

Рачни часовници

– 6 парчиња рачни часовници (3 парчиња марка ROLEX SUBMARINER, 2 парчиња марка ROLEX GMT-MASTER II и 1 парче марка HUBLOT BIG BANG), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Истанбул – Охрид и бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица, а бил управуван од македонски државјанин. Непријавените часовници биле пронајдени во куферот на возачот и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Техничка стока

– 1 дигитална греалка-мешач за употреба во лабораторија марка STUART, откриена при контрола на товарно моторно возило со грчки регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока е пронајдена во картонска кутија сместена на подот зад возачкото седиште од возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Облека

– 32 парчиња фустани и 30 парчиња здолништа, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на куферот на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Истанбул. Непријавената облека е привремено задржана, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

– 400 парчиња свилени вратоврски, откриени при контрола на автомобил со швајцарски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените вратоврски се пронајдени во 4 картонски кутии, сместени на задните седишта од возилото и покриени со тенко ќебе и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Друго

– 5 шишиња алкохолни пијалоци од по 0,7 литри, 1 парче конзола за видео игри марка XBOX, 10 парчиња разна облека, 44 парчиња разни тоалетни води, дезодоранси и шампони, 1 парче мини рерна, 1 комплет рачен алат и 2 пара машки патики, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената стока е пронајдена во багажниот простор и во фабричката шуплина во задниот дел на возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 91 парче ташниод вештачка кожа, 36 парчиња фармерки, 14 пара патики и 12 парчиња каишисо ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки, пријавено за излез од државата на граничниот премин Блаце,стока од турски извозник, наменета за увозник од Косово. кое пренесувало

– 5.500 парчиња бричеви со ознаки на заштитена трговска марка, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, пријавено за излез од државата на граничниот премин Блаце, кое пренесувало стока од турски извозник, наменета за увозник од Косово.

Во двата случаи, производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.

This slideshow requires JavaScript.