Започнува пријавувањето за годинешната „Охридска софра“

На 3ти септември (сабота) во с. Скребатно традиционално ќе се одржи Mанифестацијата „Охридска Софра” каде што на гостите и посетителите ќе им биде презентирано богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од туристичка понуда на охридскиот регион.

Манифестацијата претставува промотивен настан на традиционален рецепт за подготовка на познатото охридско ѓомлезе, а истовремено и одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини.

Овој настан ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина при што наградата за првонаграденото ѓомлезе изнесува 10.000 денари, за второнаграденото 7.000 денари, а за третонаграденото 3.000 денари.

За таа цел сите заинтересирани учесници кои што сакаат да бидат дел од манифестацијата ги покануваме да се пријават во просториите на Секторот за туризам и ЛЕР или на тел. 046/ 230 – 175 најдоцна до 26. 08. 2016(Петок).