Охридските пензионери донираа за настраданите семјества

По сознанијата за состојбата на настраданите скопски подрачја од поплавите, ЗП Охрид и Дебрца веднаш се вклучи во организирање на хуманитарната акција. Преку Активот на пензионерки се органзира акција за собирање на најнеопходните потреби за настраданите семејства.

Според претседателот на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески, собрани се 100 женски чевли, машки и детски патики, околу 300 детски памперси и друга детска и бебешка облека, десетина пакети мешана женска и машка облека, постелнина, покривки, хигиенски средства, тоалетна хартија, и други домашни потреби за дезинфекција.

„Хуманитарната помош, вчера беше дистрибуирана до ЗП Гази Баба Скопје, а во понеделник, преку Црвениот крст на Скопје ќе биде распределена на семејствата од настраданите подрачја“, вели претседателот Трпчески.

Инаку, Охридското пензионерско здружение, секогаш во рамките на можностите организира хуманитарни акции по разни природни и други непогоди.