Во Охрид ќе се одржи ревијален ватерполо натпревар со хуманитарен карактер

Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид, во соработка со ЈП „Билјанини извори“ и Црвен крст Охрид организираат ревијален ватерполо натпревар со хуманитарен карактер. На истиот ќе учествуваат ватерполисти-ветерани од Пливачките-ватерполо клубови Вардар-Скопје, Струга-Струга и Охридски бранови- Охрид.

Овој атрактивен натпревар ќе се одржи во недела, 21ви август, во отворениот базен на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, со почеток во 11 часот.

„Ги покануваме нашите сограѓани и гости, љубителите на ватерполото, повозрасните да се препуштат и ни дозволат да им ги разбрануваме спомените на времето кога во Охрид се играше ватерполо, а на младите да им иницираме интерес и љубов кон овој спорт. Хуманите посетители на овој спортски настан ќе можат да помогнат на населението погодено со поплавите во скопскиот регион, со динарање во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на влезот во пливачкиот комплекс.“– велат од Црвен крст Охрид.