Кривична пријава за лица од Скопје кои краделе во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против против Е.Д.(21), С.К.(21) како и против две малолетни лица на 16 годишна возраст, сите од Скопје.

Кривичните дела, пријавените ги извршиле во раните утрински часови во периодот од 11 до 15 овој месец во следниве деловни објекти во Охрид: Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“, продавницата „Жане“ ДООЕЛ Охрид, во кафе баровите „Мохито“ и „Барон“, сендвичара „Трокадеро“, во магацински простор од ресторантот „Стационе“,кај бурегџилница „Тамам Бурек“ кај градскиот пазар и продавницата „Седо99“.

Во извршувањето на тешките кражби, пријавената четиричлена група од Скопје користела подесен алат и провалувале во деловните објекти со кршење на алуминиумските врати, кршење на катинари од заштитни решетки и метални влезни врати. Од извршените кривични дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од 46.000,оо денари.

Со цел реализација на тешките кражби и пронаоѓање на сторителите, СВР Охрид презеде низа мерки. На 16 овој месец, пријавените, се забележани при излегување од казино во Охрид и се повикани во СВР Охрид, за што е известен Јавниот обвинител. По негови насоки, со малолетниците извршен е разговор во присуство на адвокат за малолетници по што се предадени на претставници од Центарот за соцојални работи. Дополнително, извршен е претрес во собите каде пријавените привремено престојувале и пронајдени се дел од алатот користен во извршувањето на тешките кражби како и други предмети.