Поставени нови корпи за отпад во стариот дел на градот

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ги заменаа старите и поставија 12 нови корпи за отпад во стариот дел на градот. Корпите се поставени на потегот од црквата Св. Никола Геракомија, на паркингот кај Балкански фестивал, по ул. „Илинденска“ и кај Самуиловата тврдина.

Во текот на вчерашниот ден екипите на „Јавна хигиена” го расчистуваа патот за с.Велестово, на потегот од бензинската на „Макпетрол” кај „Бијланини извори”, до с.Велестово, иако истиот тој потег не е во надлежност на претпријатието.

FotorCreated-2Денес, поради одржувањето на охридскиот пливачки маратон е предвидено чистење на патот од селото Љубаништа до Св. Наум.

DSCN2963