Cylindo: Со прославување на успесите до поголем успех

Компанијата Cylindo е една од ретките компании кои знаат дека прославувањето на успехот е дел од работата. Тимот на Cylindo со интензивна работа создава врвна иновативна технологија, но оваа работа е секогаш проследена со забава и прославување на секој успех. Во Cylindo знаат како да го направат тоа: Demo Friday секој петок, забава секое лето, неочекуван шампајн на сред работно време во среда – затоа што имаат што да прославуваат. И оваа година, традиционално беше организирана вечерната летна забава на Cylindo која се одржа во канцелариите на компанијата во Битола.

„Ние сме тим кој создава иновативни софтверски решенија за визуелизација на продукти кои во голема мера ја поедноставуваат онлајн продажбата и го подобруваат купувачкото искуство преку интернет. Нашата платформа и 3D технологијата која ја создаваме ја прават визуелизацијата лесна за брендовите и трговците и во исто време ја прават возможна реалистичната визуелизација на било која конфигурација на продукт.“ – вели Александар Ташоски – Управител на канцеларијата во Битола.

Cylindo навистина има и што да прославува оваа година – компанијата забележува голем раст на глобалниот пазар и неодамна потпиша договори со некои од водечките брендови и трговци на мебел како Ligne Roset, Palliser и Jerome’s. Тие брзо преминуваат во стандардот за тоа како треба да се визуелизираат продукти онлајн, а растот на нивните продажби е резултат на продуктот кој го создаваат 3D дизајнерите и програмерите во канцеларијата во Битола.

„Битолската канцеларија беше отворена во 2013 и од тогаш има пораснато до 30 вработени кои специјализираат во различни области како 3D развој, софтверски развој и менаџмент. Компанијата нуди одлични услови за работа и интересни пакети за вработување. Ме радува што Cylindo го препознава талентот и капацитетот на своите вработени и безрезервно нуди можности за брз раст, учење и унапредување на вработените, како вертикално, така, и хоризонтално во организацијата. Работната атомсфера е доста релаксирачка и овозможува максилмална креативна слобода на вработените.“ – додава Марија Жежовска – Менаџер на Финансии и Операции на Cylindo.

Тимот на Cylindo успеа да постигне многу во изминатите 4 години. Голем дел од најголемите светски трговци позитивно одговараат на нивната технологија за продажба на продукти онлајн. Велат дека носат голема одговорност – но добиваат и големо признание за нивните способности. Тие се млад и брзорастечки стартап и велат дека е дел од нивната ДНК да сме иновативни и амбициозни. Нивната мисија е да станат глобален лидер во визуелизација на продукти и да се забавуваат додека го прават тоа.

„Во поглед на Битолскиот тим,“ – вели Janus Jagd, CEO на Cylindo – „импресивно е кога ќе помислите како група од 30 талентирани луѓе развива решенија кои се користат од страна на некои од најголемите трговци во светот. Мислам дека тоа е значаен развој и за целата македонска стартап заедница. Верувам дека сме еден од најголемите и најбрзо растечки стартапи во Македонија. Во следниот период планираме да го зголемиме нашиот тим уште повеќе, моментално имаме неколку отворени позиции, а наскоро ќе имаме и доста возбудливи новости за споделување!“

Во моментов иновативната технологија на Cylindo се користи во над 3500 веб сајтови и физички продажни салони ширум светот. Од компанијата велат дека и понатаму ќе продолжат да ги споделуваат нивните успеси и достигнувања со заедницата преку настани слични на оваа летна забава, и истовремено ги покануваат сите млади таленти од релевантните области да ја истражат компанијата и да им се обратат за можна соработка.