Просечната плата во јуни изнесувала 22 187 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, изнесува 100.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (10.6%), Административни и помошни услужни дејности (6.3%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.7%) и Стручни, научни и технички дејности (3.4%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2016, изнесува 22 187 денари. 

Во јуни 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.