Портрет на лауреатот на „Златниот венец“ на СВП Маргарет Атвуд

Во катедралната црква Св. Софија во Охрид, синоќа, се одржа портрет на добитничката на „Златниот венец“ на 55-те јубилејни Струшки вечери на поезијата, канадската поетеса Маргарет Атвуд.

„Златниот венец“ на лауреатот Атвуд, ќе и биде врачен вечерва на манифестацијата „Мостови“.

Атвуд е 51-ви добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лавров венец.