Трансфер на Адис Јаховиќ во Гозтепе

Адис Јаховиќ е нов член на Гозтепе. Како што беше најавувано веќе подолго време, нашиот интернационалец направи трансфер во Гозтепе кој беше најзаинтересиран за нашиот напаѓач. Тој потпиша две-годишен договор со овој клуб.

Тимот на Гозтепе се натпреварува со втората турска лига, а со ангажирањето на Јаховиќ, овој тим го засили нападот, со што е сериозен кандидат за промоција во Турската Суперлига.

Минатите две сезони Јаховиќ настапуваше во Русија, за тимот на Крилја Советов.

WebOhrid