Референт во ЈП „Градски гробишта“ дал гробно место без да наплати

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (47) од Охрид, референт за наплата и доделување на гробни места во ЈП „Градски гробишта“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот не наплатил надоместок од 54.280 денари од лицето Љ.Б. од Охрид, како цена за продажба на гробно место и издал дозвола за закуп, која лично ја потпишал и ја заверил со службен печат. Со опишаните дејствија истиот и овозможил на Љ.Б. противправна имотна корист од неплатен надоместок од 54 280 денари како цена на гробното место, а за истиот износ предизвикал штета на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.