Заменик министерот за одбрана Максути на Мировниот министерски состанок на ОН во Лондон

Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Беким Максути беше во посета во Обединетото Кралство каде што учествува на Министерскиот мировен состанок на ОН кој се одржа од 8-9 септември во “Ланкастер хаус,” Лондон.

Овој министерски состанок е продолжување на мировниот самит на светските лидери кој се одржа во септември 2015 година, каде што повеќе од 54 земји се заложија за одржувањето на мирот.

Во неговото обраќање на овој министерски состанок, заменик-министерот Максути истакна дека Република Македонија високо ги цени напорите на ОН и земјите кои даваат придонес и дека со своите сили планира да им се приклучи на овие напори.

„Република Македонија високо ги цени напорите на ООН и земјите придонесувачи со трупи во мировните операции да станат и поефективни и посигурни и е подготвена да се придружи кон тие напори. Поконкретно, Република Македонија од 2017 година планира да придонесува со воени сили во мировните операции согласно своите можности. Армијата на Република Македонија располага со распоредливи интероперативни сили на лесна пешадија, воена полиција, хеликоптери и медицински капацитети,” истакна Максути.

img_2921

На маргините на овој министерски состанок, заменик- министерот Максути оствари билатерални средби со високи претставници на ОН, меѓу кои и со Херве Ладсоус, генерален потсекретар за мировни операции на ОН, Атул Кхаре, генерален потсекретар за поддршка на терен, како и со претставникот на Република Италија, Доменико Роси, потсекретар за одбрана.

На Министерскиот состанок се обратија Тереза Мај, премиер на Обединетото Кралство, Еш Картер, секретар за одбрана на САД, Мајкл Фалон, државен секретар за одбрана на Велика Британија, како и други министри за одбрана од целиот свет. На средбата присуствуваа министри за одбрана и претставници од повеќе од 80 земји од целиот свет и се очекува дека преку овој состанок да се унапреди меѓународни придонес и поддршка во време кога мировниците на ОН и понатаму се соочуваат со значителни предизвици во различни земји во светот. На средбата ќе се дискутираат и важни прашања кои влијаат на мировните операции, како што се жените во мировните операции, реформите, давањето отчет, обуките и рапоредувањето на војници. На состанокот обраќање имаше и познатата американска актерка и режисер, Анџелина Џоли која воедно е и специјален претставник на ОН.

img_2922