Од утре започнуваат тренинзите на Шотокан карате – до клуб Минта од Охрид

Шотокан карате – до клуб МИНТА од Охрид ги известува сите членови дека тренинзите ќе отпочнат утре – 13 септември и дека оваа сезона ќе се одржуваат во малата сала на СРЦ „Билјанини Извори“ .

Идната 2017 година карате клубот МИНТА ќе одбележи 4 децении од формирањето. Во карате историјата на Охрид клубот со кој сиве овие години раководи инструкторот Боро Митрески, носител на VI DAN е запишан како прв клуб во Охрид кој на самиот почеток броел близу 500 членови, а Митрески е прв карате мајстор во градов. Под негово раководство во далечната 1982 година охридскиот карате клуб во конкуренција од 77 клубови во Македонија го освои првото место. Од клубот МИНТА во годините потоа излегоа редица талентирани и успешни каратисти кои денес имаат сопствени карате клубови и школи.

Затоа бидете дел од најуспешните!

Карате школата на Шотокан карате –до клубот МИНТА е отворена за сите кои се заинтересирани да ги изучуваат тајните на каратето како вештина и спорт.

Пријавувањето и запишувањето може да се врши за време на тренинзите секој вторник и четврток од 19 до 20 часот и во сабота од 10 до 11 часот.

Инструкторот Боро Митрески – Минта вели дека најдобро е со каратето да се почне на седум годишна возраст, кога децата веќе знаат што сакаат и во која насока да се развиваат.

Вежбајќи карате децата од најрана возраст се здобиваат со потребната самоконтрола, цврст карактер, издржливост и здрав дух.

Родители овозможете му на вашето дете да спортува и да се развива во здрава личност со спортски друх. Почетниците кои успешно ќе ја завршат школата ќе се здобијат со жолт појас.

Информации на: 075 211 953