Изградено детско игралиште во населбата Видобишта

Во рамките на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици , а врз основа на потпишаниот договор за изведба,реконструкција и изградба на детски игралишта со економскиот оператор „ Дион Градител“ ДООЕЛ,Општина Охрид реализира уште еден од ветените проекти.

По налог на Секторот за комунални дејности,економскиот оператор успешно ја реализираше изградбата на детското игралиште кај поранешен „ Стобекс“ во населбата „ Видобишта“. Во рамките на градежните активности беа поставени детски и спортски реквизити на постоечкиот простор и истиот беше соодветно хортикултурно уреден.

Вредноста на оваа инвестиција изнесува 380 000 денари,а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Општина Охрид.