Приведен албански државјанин поради фалсификување патна исправа

Вчера околу 16.15 часот на ГП-Табановце на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на Н.З. (50) од Р.Албанија истиот на увид покрај патната исправа приложил и шпанска дозвола за престој на негово име.

УПС се посомневале дека патната исправа и дозволата за престој се фалсификувани, односно на патната исправа и била отстранета оргинална хартија на страница и била залепена оргинална хартија од друга патна исправа, додека дозволата за престој е целосно фалсификувана, односно изработена од несоодветна хартија. Истиот бил приведен и предаден на УПС од СВР Куманово за понатамошна постапка.