Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Македонија за академската 2016/2017

КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија за академската 2016/2017година

Општина Охрид ќе додели 30 (триесет) стипендии за редовни студенти на додипломски студии од II,III,IV,VиVI година, од општина Охрид, кои студираат на државните универзитети во РМакедонија, за академската 2016/2017 година и живеат во потешки материјални услови

I. Услови за доделување стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на државните универзитети во Република Македонија , а ги исполнуваат следниве услови:

1. да се жители на општина Охрид
2. да се редовни студенти,
3. да оствариле просечен успех во текот на студирањето од минимум 7,5
4. да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.

II. Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:
копија од лична картa
2. потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2016-2017година;
3. уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години;
потврда за висината на примања на членовите на семејството на студентот, издадена од УЈП,
5. изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или фирма,(изјавата е објавена на интернет страната www.ohrid.gov.mk),

III. Висината на стипендијата

Висината на стипендијата ќе изнесува 2 000,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2016/2017 година.

Рок на пријавување

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најкасно до 20.10.2016 година(четврток) на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување студентски стипендии“

Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

Пријава за Конкурсот за доделување на стипендии на студенти