Полагање на поправен испит за лиценциран застапник

Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на поправен испит за лиценциран застапник за кандидатите кои неуспешно го положија целиот, односно дел од стручниот испит.

Предвиден датум за повторно полагање на целиот стручен испит е 12.10.2016 година.

Предвиден датум за полагање на поправен испит (студија на случаи) е 01.11.2016 година.

Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат Пријава за повторно полагање на стручен испит и соодветно платен надоместок до 23.09.2016 година.

Часот на одржување на испитите дополнително ќе биде објавен на веб страницата на Царинската управа.

Прилог: Пријава за повторно полагање на стручен испит за лиценциран застапник