ДЗС: Просечната плата во јули 22.334 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2016 година, во однос на јули 2015 година, изнесува 102.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (9.0%), Административни и помошни услужни дејности (6.7%) и Информации и комуникации (6.2%).

Зголемувањена просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.6%), Преработувачка индустрија (3.4%) и Административни и помошни услужни дејности (1.8%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2016, изнесува 22 334 денари. 

Во јули 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.