Кривична пријава за прилепчанка поради измама

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ч. (29) од Прилеп.

Пријавената, со намера да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување односно со прикривање факти, ги довела во заблуда лицата Д.Н. од Охрид и Л.А. од струшкото село Ложани, ветувајќи им евтини повратни авионски билети од САД до Република Македонија. Од нив, пријавената побарала и добила вкупно 779,000,оо денари по што на Д.Н. му обезбедила карти само во еден правец а Л.А. воопшто не добила авионски билети.

Во текот на март годинава, сега оштетениот Д.Н. кој моментно живее во САД, на сметка на пријавената уплатил вкупно 4140,оо американски долари за купување на пет повратни билети на релација Чикаго-Виена-Скопје.

По остварен контакт меѓу пријавената и сега оштетената Л.А. случен во Струга, било договорено купување на 12 повратни авио билети од САД за Република Македонија. По извесно време од средбата и направениот договор, сега оштетената Л.А. на сметка на пријавената уплатила 283.200,оо денари но договорените 12 повратни авионски карти воопшто не ги добила.