Општина Охрид и оваа година дел од програмата за„Општинска корисна работа“

Општина Охрид, преку Секторот за ТЛЕР четврта година во континуитет агажира невработни лица преку програмата „Општинско- корисна работа“ која е дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со поддршка на Владата на Македонија и UNDP. Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, а сe со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд.

Општина Охрид оваа година ќе ангажира 5 лица во детската градинака ЈОУДГ Јасна Ристеска со цел да се збогати и подобри едукативната и образовна програма за правилен раст и развој на најмладите во општината. Ќе бидат ангажирани следните профили:

*1 Психолог ,

*1-Дипломиран дефектолог,

*1-Дипломиран педагог по физичко воспитување,

*2-Дипломиран професор по англиски јазик и книжевност

Со оваа програма се овозможува работно ангажирање на долгорочно невработените лица од една страна кои ќе имаат можност да се стекнат со дополнителни вештини и комептенции, а од друга страна дечињата ќе имаат можност за дополнителна едукација и правилен присофизички развој.