Унгарија ќе отвора конзулат во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес, оствари средба со Амбасадорот на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс. На средбата Амбасадорот Дукс, му најави на градоначалникот дека Унгарија ќе отвора почесен конузлат во Охрид. Подготовките се во тек, а конзулатот се очекува да биде отворен во месец Октомври. Овој конзулат ќе биде петти, откако претходно свои конзуларни претставништва во Охрид отворија, Полска, Словенија, Турција и Русија.

nov_ungarski_ambasador_2016_4001

Градоначалникот Бакрачески рече дека се радува на отворањето на Унгарскиот конзулат преку кој ќе се создадат можност за продлабочување на соработката со градот Веспрем со кој веќе подолго време се негуваат добри релации. Понатака се разговараше за можноста да се организира туристичка промоција на Охрид во Будимпешта и учество на големиот туристички саем. Исто така беше разговарано за поврзување на унгарските тур оператори со туристичките работници од Охрид, но и можноста за воведување на директни авионски летови. Градоначалникот Бакрачески пред Амбасадорот Дукс ги презентираше и можностите за алтернативен туризам кои ги нуди Охрид.

Неодамнешното отворање на изложбата на унгарските уметници е добар знак за унапредување на соработката во областа на културата, преку учество на унгарски музички уметници на Охридско лето, како и организирање на унгарски вечери во Охрид.

nov_ungarski_ambasador_2016_400