Средба на министерот Спасовски со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Министерот Спасовски денеска оствари работна средба со Џеф Голдстајн, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Министерот Спасовски и Голдстајн разговараа за неопходноста во Република Македонија да се одржат фер и демократски избори, при што министерот Спасовски потенцира дека МВР целосно ќе се стави во функција за тоа да се случи.

Министерот Спасовски рече дека нема да дозволи МВР да биде злоупотребено ниту преку користење на човечки ресурси ниту на технички ресурси, како што тоа беше случај на претходните избори.

На средбата се разговараше и за борбата против тероризмот и беше нагласена потребата за зголемена регионална полициска соработка за да се постигнат подобри резултати.