Кривична пријава за кичевчанец поради недозволено држење на оружје

Регионален центар за гранични работи-Запад поднесе кривична пријава против М.А.(59) од Зајас-кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”.

На 16.07.2016 година околу 18,35 часот пријавениот во ПС за ГП Аеродром- Охрид се пријавил на излез од Р.Македонија со македонска патна исправа и швајцарски документ, а со цел да патува со авионот на релација Охрид-Базел. По извршена контрола од рачниот багаж на наведеното лице, пронајдени биле пет куршуми, од кои четири се со калибар 38 (специјал) и еден куршум калибар 38 (магнум), кои биле ставени во кутивче од капсули односно таблети. На лицето му бил одбиен излез од Р.Македонија.

По наредба од судија на предходна постапка извршен бил претрес во неговиот дом при што не биле пронајдени други предмети. Лицето изјавило дека не поседува оружје со дозвола и дека нема оружје во неговиот дом, а за предметните куршуми не знаело да одговори како се нашле кај него.