Планинарски марш на охридските гимназијалци

Во рамки на проектната активност „планинарање“, ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на проф.Наум Јамандиев, учествуваа на планинарскиот марш на планината Галичица.

Тие го посетија планинарскиот дом на Асан Џура и уживаа во прекрасниот поглед од Галичица на Преспанското и Охридското Езеро. Еднодневната планинарска тура учениците ја завршија во Велестово.

plan3

Планинарскиот марш традиционално се реализира два пати годишно, на пролет и на есен.

plan2