„Писма од Земјата“ во среда во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, на 12ти октомври (среда), со почеток во 20:00 часот, Охридскиот народен театар  ќе ја изведе претставата „Писма од земјата“.

Билетите се во продажба во Мјузик Шоп ЗЗ ТОП, по цена од 15о денари, на денот на претставата ќе чинат 200 денарии, а од 18.00 часот пред почеток на претставата ќе можат да се набават во Центарот за култура по цена од 200 денари. Претставата е наменета за лица на возраст над 14 години.

„Писма од Земјата“ е моно-спектакл или сатирична турболенција во која Никола Тодороски го толкува ликот на Лудиот Филозоф или едноставно кажано Будалата. Лик кој постои откако постои светот и е тука за да не соочи сите нас со најгорчливите сегменти на човековото постоење, корупција, административен поглед кон религијата, смрт, алчност за пари, цивилизацијата воопшто. Ние како пасивни гледачи или сеирџии сме приморани од страна на Будалата да вкусиме од горката чаша и така згрозени да плукнеме на се она што ни го грчи желудникот и не тера да се мрштиме, за потоа повторно со насмевка да го почувствуваме слаткиот вкус во нашата уста-овојпат знаејќи дека може да биде и полошо. Текстот е адаптирано сценарио според раскази на еден од врвните светски сатиричари Марк Твен. Ова е прв театарски проект на Никола од ваков тип во кој тој се јавува како главен лик и режисер, автор на сонговите и сценарист.

pbp

WebOhrid