Поплави во Северна Каролина

Големи поплави ја погодија сојузната американска држава Северна Каролина откако во делови од земјата наврнаа повеќе од 30 сантиметри дожд за време на ураганот Метју.

Најмалку 35 лица загинаа во САД, од кои 18 во Северна Каролина.

Гувернерот Пет Мекрори предупреди дека во следните 72 часа ќе бидат опасни во некои делови на државата, бидејќи водостојот е многу висок.

Службата за вонредна ситуација досега спасилa 2.000 лица, a 4.000 се наоѓаат во засолништа.

Извор: meta.mk