Награден натпревар „Македонија се сака на точак” привлече повеќе од 300 натпреварувачи

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денес официјално доделија 14 награди за најкреативни фотографии кои вклучуваат природа и активности со велосипед на територијата на Република Македонија за наградната игра “Македонија се сака на точак”.

Наградниот натпревар која траеше 3 месеци беше организирана и спроведена преку Фејзбук апликација и имаше за цел да се зголеми свесноста за користење на алтернативен превоз и промоција на убавините на Република Македонија.

Сценографијата на фотографијата која беше замислено да содржи велосипед и природна убавина од територијата на Македонија, ја реализираа околу 300 натпреварувачи, а 14 од нив добија награди за својот труд, креативност и залагање за активно користење на велосипедот како сообраќајно превозно средство.

Изборот за најдобрата фотографија беше направена од четири члена комисија од АППТ и РСБСП, а останатите фотографии кои ги исполнуваа пропишаните критериуми, беа избрани според бројот на гласови од публиката. Фотографиите кои беа дел од наградната игра во иднина ќе се користат и за промоција на Македонија во странство, како и промоција на велосипедизмот како облик на сообраќај, со што перспективата и ентузијазмот на велосипедистите кои учествуваа во наградниот натпревар ќе послужи како мотиватор на странците што претендираат да ја посетат земјава.

За подетални информации, добитниците треба да се обратат до Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.