Претставници од „CRESSIDA” проектот во посета на Општина Охрид

Во рамки на регионалната работилница која е дел од проектот „CRESSIDA“, денес, нејзини претставници остварија посета на општина Охрид. На средбата со заменик градоначалникот Ангел Јанев, беше разговарано за учеството на локалните власти во имплементацијата на еколошката отпорност кај локалните заедници.

Од страна на претставниците на проектот, беа презентирани можни начини, за унапредување на еколошката отпорност како и меѓусебната соработка на државите со меѓународни водени текови за заштитата од поплави.