Зголемен бројот на туристи во првите осум месеци во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2016 година изнесува 156 763, а бројот на ноќевањата изнесува 694 641.

Бројот на туристите во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е намален за 7.2%, а бројот на ноќевањата е намален за 3.9%.

Бројот на домашните туристи во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е намален за 4.5%, а бројот на странските туристи е намален за 10.9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е намален за 0.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 13.8%.

Во периодот јануари-август 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.5%, а кај странските има зголемување за 4.5%.

Во периодот јануари-август 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.4%, а кај странските има зголемување за 0.8%.