Министерот Лутфиу присуствуваше на свеченоста на доделување на наградите за најбезбедни и најчисти училишта

Денес, во СЕПУ„ Михајло Пупин“ – Скопје, се одржа свеченост по повод доделување на наградите за најчисти и најбезбедни училишта, на којашто учествуваше министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу.

Министерот истакна: „Министерството за образование и наука веќе трета година по ред го реализира натпреварот „Најчисто и најбезбедно училиште“. Овој проект има голем успех бидејќи го планираме и остваруваме заедно со нашиот партнер ОБСЕ, за што во оваа прилика би сакал да им изразам голема благодарност”.

Тој им честиташе на учениците и вработените во основните и средните училишта за постигнатиот успех.

„Ми претставува задоволство, што денеска со амбасадорот на ОБСЕ, г-ѓата Нина Суомалаинен, по трет пат ќе доделиме признанија за најчисти и најбезбедни училишта за учебната 2015/2016 година“, рече Лутфиу.

Годинава за натпреварот „Најчисто и најбезбедно училиште“ конкурираа 15 училишта од кои 10 основни и 5 средни училишта. За сите училишта следуваат награди. На прво награденото основно и првонаграденото средно училиште, Министерството за образование и наука ќе им додели смарт табла, додека останатите ќе добијат прикладни награди обезбедени од мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

„Убеден сум дека сите училишта во Република Македнија ќе се трудат да станат почисти и побезбедни и дека секоја наредна година ќе имаме се повеќе кандидати меѓу кои ќе ги избираме оние кои постигнале најдобри резултати”, додаде министерот.