Средба Заев – Јазбец: Избори на 11 декември и поддршка за СЈО!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Р.Словенија во Р.Македонија, Милан Јазбец.

На средбата се разговараше за потребата од фер, демократски и регуларни избори на 11 декември, за што политички партии, институции, вклучително и Собранието на Р.Македонија е неопходно целосно ги исполнат своите обврски.

„Граѓаните на Македонија на регуларни избори мора да ја изразат својата слободна волја, а тоа е првиот чекор кон нормализирање на државата и враќањето на демократските процеси. Потребно е да се овозможи и функционирање на правната држава, поради што СДСМ ги поддржува законите побарани од Специјалното јавно обвинителство“, рече претседателот Заев .

Претседателот на СДСМ го информираше словенечкиот амбасадор дека СДСМ веќе има усвоено конретни рокови за реализација на реформските приоритети нотирани во Извештајот на Прибе.

„Со тоа се обврзуваме дека по изборите во декември ќе ја демократизираме државата и ќе овозможиме подобар живот на граѓаните на Македонија“, рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше и за мерките од Планот на СДСМ за кревање на животниот стандард на граѓаните преку обезбедување повисоки плати, поддршка на домашните мали и средни претпријатија, отворање нови работни места.

Словенечкиот амбасадор ја пренесе пораката дека Р.Словенија како долгогодишна пријателска земја на Р.Македонија ќе продолжи да ги поддржува перспективите на државата.