Агрон Буџаку ќе биде нов директор на Центарот за управување со кризи

Поранешниот македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи. Ваква одлука била донесена на владина седница одржана во петокот.

Тој доаѓа на местото на неговата сопартијка од ДУИ, досегашната директорка Сузана Салиу, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата заменик на народниот правобранител.

Буџаку беше и првиот директор на Центарот за управување со кризи кога се формираше во 2005 година, но по девет месеци извршување на функцијата беше избран за пратеник.

Амбасадорската функција Буџаку ја извршуваше од 2009 година до декември минатата година.

Извор: meta.mk