Автомобил излета од патот Охрид – Кичево

Вчера во 09.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на м.в. „Сливоски анови“, се случила сообраќајна незгода во која Е.М. (27) од с.Радолишта, струшко, управувајќи ПМВ „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во сообраќајни знаци за обележување на автопатот во изградба, и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.М. и сопатниците Р.Ф. (31) од Струга и седумнаесетгодишник од Струга. Истите биле пренесени во Болницата Св.Еразмо, каде Е.М. и Р.Ф. биле задржани на лекување, додека малолетникот, поради сериозноста на повредите опасни по живот, бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Во периодот од 10.10 до 12.00 часот, за време на вршење на увидот од екипа на СВР Охрид, сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.